Сообраќајниот метеж стана редовна слика на улиците и патиштата во Македонија, велат од РСБСП во своето соопштение, каде додаваат дека секојдневно, преку целата година, повеќе или помалку сликата е иста.
Постојат многу причини зошто е тоа така, велат од РСБСП. „Прво што ни паѓа на памет е јавниот превоз. Подобар, побрз, поквалитетен јавен превоз ќе ни донесе помалку возила на улиците и патиштата. Не смееме да ја заборавиме и сообраќајната инфраструктура која е направена да ги задоволи потребите пред сѐ на моторизираниот сообраќај, додека потребите на пешаците и велосипедистите остануваат занемарени“, стои во соопштението.
Сообраќајниот метеж го отежнува секојдневното движење и секојдневниот транспорт на патници и стоки. Поточно, сообраќајниот метеж значи загуба на време, загуба на пари, загадување на животната средина, а неретко и причина за голем број повредени и загинати лица во сообраќајни незгоди, велат од РСБСП.
Не намалувајки ја важноста на јавниот превоз и сообраќајната инфраструктура, РСБСП со совети како и зошто да се намали сообраќајниот метеж и како безбедно граѓаните да се движат во услови на густ сообраќај.
„Пешачете или возете велодсипед. Движете се побрзо и побезбедно. Најголем дел од релациите што секојдневно ги поминуваме, во урбана средина, се на растојание до 5 километри. Истражувањата покажуваат, на кратко растојание, во урбана средина, побрзо и побезбедно ќе се движите доколку го оставите автомобилот и тргнете пешки или со велосипед.
Повеќе лица во едно возило. Анализирајќи ја секојдневната слика, можеме да заклучиме дека, во Република Македонија најчесто се превезуваат едно или две лица во автомобил. Доколку ја промените таа навика и почесто се групирате по повеќе лица во едно возило, сообраќајниот метеж значително ќе се намали, а патувањето ќе биде побезбедо, побрзо и поефтино.
Оставете го автомобилот и заштедете пари. Оставете го автомобилот и на тој начин ќе заштедите на скапо гориво и уште поскап паркинг простор.
Јавниот превоз нека биде ваш прв избор. Наместо алтернатива, користењето јавен превоз нека биде ваш прв избор. Истражувањата покажуваат дека патувањето со јавен превоз е побезбедно и поефтино, отколку користењето на автомобил. Покрај тоа, јавниот превоз нуди можност за одмор, дружење и создавање нови познатства.
Намалете ја брзината и држете безбедно растојание. Сообраќајниот метеж изнудува грешки од возачите. Затоа намалете ја брзината и држете безбедно растојание, со цел да бидете во можност да избегнете несакани ситуации.
Останете смирени и не возете слалом. Нервозата, нетрпеливоста и слалом возењето, дополнително го зголемува сообраќајниот метеж и го загрозува безбедното одвивање на сообраќајот.
Не користете звучни сигнали непотребно. Звучниот сигнал создава нервоза и паника кај останатите учесници во сообраќајот и создава притисок кој води до непромислено однесување во сообраќајот.
Останете концентрирани. Долгото чекање и застојот во сообраќајот доведуваат до пад на концентрацијата кај возачот. Некои возачи, во ваква ситуација, се склони кон користење мобилен телефон и други помагала. Оставете го мобилниот на страна и останете фокусирани во сообраќајот.
Не ја блокирај крстосницата! И покрај тоа што, во одредени ситуации, можеби семафорот свети зелено или има знак за првенство на минување, ваша обврска како возач, доколку нема реална можност да се движите, е да застанете. Доколку вашето придвижување значи дополнително или целосно блокирање на крстосницата и сообраќајот, не заборавајте дека, ваша обврска како возач е да создадете услови сообраќајот безбедно да тече. Подобро да почекате неколку секунди или минута-две, отколку целосно да го блокирате сообраќајот.
Секогаш почитувајте ги правилата и прописите во сообраќајот. Сообраќајниот метеж не ви дава за право да поминете на црвен семафор или да не го почитувате правилото за првенство на минување. Непочитувањето на сообраќајните правила, ја загрозува безбедноста во сообраќајот и го зголемува сообраќајниот хаос“, стои во соопштението испратено од РСБСП.
Промената на лошите животни и сообраќајни навики, додаваат од републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, може значително да го намали сообраќајниот метеж и да го направи секојдневното движење полесно и побезбедно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст