Во вторникот на „Стрежевски пат“ во близина на село Могила, битолско, од страна на полициски службеници од Полициска станица Битола и Одделот за недозволена трговија со дрога и оружје лишени се од слобода лицата З.Б. (25) и Ѓ.Ч. (30) од Битола и С.М. (38) и Р.Б. (26) од Скопје. Од приведените биле одземени 89 грама хероин.
На 28.11.2018 година од страна на Секторот за внатрешни работи Битола против наведените лица е поднесена кривична пројава по член 215 од Кривичниот Закон на Р.Македонија „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, а од страна на Судија за претходна постапка од Основен Суд Битола, на истите им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
(фото – илустрација)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст