| четврток, 6 декември 2018 |

Тешко повреден 21-годишен мотоциклист

Вчеравечер во 20.30 часот на регионалниот пат Скопје -Куманово, во село Арачиново, мотоцикл „Јамаха“, управуван од М.Р.(21) од село Арачиново, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Притоа, М.Р. се здобил со тешки телесни повреди и со друго возило бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, па препратен во комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top