| четврток, 6 декември 2018 |

Суперкласико во Европа: Бока – Ривер ќе играат следната недела на Бернабе

Поради инцидентите кои се случија пред вториот реванш натпревар во финалето на Копа Либертадорес, Ривер Плата ќе мора да плати казна. КОНМЕБОЛ вечерва потврди дека клубот поради несоодветниот однос на нивните навивачи, кои директно беа инволвирани во инцидентот и го демолираа автобисот на Бока, ќе платат и казна од 400 000 долари и ќе добијат суспензија на својот стадион во следните два меча.

Медиумите од Аргентина исто така пишуваат дека КОНМЕБОЛ го прецизирал местото и датумот кога ќе треба да се одигра реваншот помеѓу Ривер и Бока.

Доколку дисциплинската комисија не го дисквалификува Ривер, лутите ривали ќе се сретнат во Мадрид на 9. декември, следната недела. „Сантијаго Бернабе“ ќе биде местото каде ќе се одигра натпреварот кој е планирано да започне во 20:30 по европско време (по аргентинско во 16:30).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top