| четврток, 6 декември 2018 |

Со гол во финишот, Тричковски обезбеди три бода за АЕК Ларнака на гостувањето кај Цирих

Македонскиот репрезентативец, Иван Тричковски донесе победа за својот АЕК Ларнака на гостувањето кај Цирих во рамките од петтото коло од Лигата на Европа. Кипарскиот претставник со 1-2 славеше на „Лецигрунд стадионот“ во Цирих.

Крилниот фудбалер го постигна решавачкиот погодок во 84. минута откако одлично се снајде по еден изведен корнер на гостинската екипа. Претходно АЕК поведе во 38. минута преку Џиану, за резутлатот да го изедначи Келфи во 74. минута од натпреварот.

Оваа победа не значеше ништо за кипарскиот претставник затоа што од претходно беше јасно дека Баер Леверкузен и Цирих ќе одат во следната фаза од натпреварувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top