Денешната седница во Собранието беше резервирана за пратенички прашања. Пратениците од опозицијата го нападнаа премиерот Заев за слабата реализација на капиталните проекти и неисполнетите предизборни ветувања.
Пратениците особено го истакнаа проблемот со загадувањето и ветувањето на власта дека Македонија ќе дише чист воздух, потоа ветените 500 километри автопат, Анексот од 187 милиони на Договорот за изградба на автопатот Кичево-Охрид, ветениот пласман за земјоделците, повратот на ДДВ….
Пратеникот од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев постави 3 прашања до премиерот Заев притоа истакна дека со буџетот за 2018 година се нема заковано ниту една шајка во државата и дека не можат да се забележат реализирани проекти. Тој истакна дека фијаско особено доживеаа градоначалниците во Скопје, Битола, Прилеп, Охрид…
После неговите прашања следеа реакции од пратениците од СДСМ и министрите присутни во салата, па собранискиот спикер ја смируваше ситуацијата. Во еден момент тој со насмевка му се обрати на министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст