| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка сообраќајка на патот Куманово – Крива Паланка, сообраќајот во целосен прекин

Патниот правец Куманово – Крива Паланка вечерва од 21 часот е во целосен прекин поради сообраќана незгода.

Како што соопшти Автомото сојузот на Македонија, сообраќајката се случила на влезот од Крива Паланка. Според очевидците, едно од возилата е поприлично оштетено, но се уште нема информации за повредени лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top