| четврток, 6 декември 2018 |

Нови проблеми за Барселона, Умтити повторно се повреди

Ернесто Валверде се соочува со нови проблеми во одбраната на Барселона, откако повторно се повреди Самуел Умтити, кој најверојатно ќе мора да оди и на операција.

Дефанзивецот на Каталонците вторпат се повредува оваа сезона, а доколку оди на операција најверојатно за него ќе биде завршена сезоната. Тоа значи дека Барселона во зимскиот преоден рок ќе мора да ја засили последната линија, која во досегашниот тек од сезоната е најслабиот дел на тимот.

Како прва замена по која ќе тргне тимот на Барселона се споменува Андреас Кристенсен од Челси, а во игра е и Де Лихт од Ајакс, но тимот од Холандија не сака да го продаде својот играч пред крајот на претстојната сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top