| четврток, 6 декември 2018 |

Јувентус извади и четврти дрес, но малкумина можат да го купат

Италијанскиот шампион Јувентус пушти во продажба четврта гарнитура на дресови, која ќе биде лимитирана.

Со овој дрес Јувентус ќе игра на омилената Fifa 19, а денес „бјанконерите“ и официјално го претставија дресот и тоа преку Пауло Дибала.

Продажбата на уникатните дресови ќе биде исклучиво на интернет. Колекцијата е лимитирана и Јувентус во продажба пушти само 1250 дресови, а цената изнесува 90 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top