| четврток, 6 декември 2018 |

Најскапо до сега: Годинава Скопје со новогодишни декорации од 260 илјади евра

Бирото за јавни набавки го објави договорот меѓу Град Скопје и фирмата Линк Медиа Плус за досега најскапото новогодишно украсување на градот, кое ќе чини околу 260 илјади евра со ДДВ.

Според договорите за јавни набавки, минатата година за оваа намена биле платени 195 илјади евра, исто колку и во 2016 година додека градоначалник беше Коце Трајановски. Во 2015 година, украсувањето чинело најмалку, околу 170 илјади евра.

Според договорот, за овие 260.000 евра што ќе се одвојат од буџетот, Скопје ќе добие новогодишна елка што ќе биде поставена на Плоштадот Македонија и на неколку други локации, а предвиден е и огномет за новогодишната ноќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top