| четврток, 6 декември 2018 |

Ги фатиле во кола со пушки без дозвола – Kривични за двајца крушевчани

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крушево поднесе кривична пријава против А.С. (19) и В.В. (23), двајцата од село Бучин, крушевско за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување на оружје или распрскувачки материи”.

На 04.11.2018 година околу 15 часот во село Бучин, крушевско, од страна на полициски службеници, при преглед на патничко возило, во кое пријавените биле сопатници, биле пронајдени и одземени ловна пушка марка „ИЖ-12“ калибар 12 и ловна пушка марка „ИЖ-43“ калибар 12, кои истите ги поседувале без соодветна дозвола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top