| четврток, 6 декември 2018 |

Средба Мицкоски – Ромео: Власта ја оддалечува државата од остарување на стратешките приоритети

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со амбасадорот на Република Италија во Македонија, Карло Ромео.

На средбата се разговарало за актуелните политички случувања во Република Македонија, економската состојба во државата како и реформските процеси кои се клучни за остварување на стратешките приоритети на Македонија, информираат од партијата и додаваат:

– Претседателот Мицкоски го истакна политичкиот прогон кој се врши врз десетици членови на опозицијата и директниот атак врз опозициската мисла и посочи дека таквото однесување на власта ја оддалечува државата од остарување на стратешките приоритети, членството во ЕУ и НАТО. ВМРО-ДПМНЕ смета дека економската состојба во државата е значително влошена, а власта недоволно се посветува на реалните области за живот кој се од суштествено значење за граѓанинот, напоменувајќи ги големиот број на афери и сомнежи за злоупотреби на власта на штета на граѓаните.

На средбата се говорело и за понатамошно продлабочување на пријателството и соработката помеѓу Република Италија и Република Македонија како и значењето на поддршката која Македонија ја добива од Италија на патот кон членството на државата во ЕУ и НАТО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top