| четврток, 6 декември 2018 |

Укината затворската казна за дедото на Тамара

Ќе има одново судење за дедото на малата Тамара кој лани имапе неуспешен обид за атентат над поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.

Aпелациониот суд донесе одлука да му ja укине затворската казна од 7,5 години на Љупчо Стојановски и одлучи судењето да почне одново.

Стојановски имаше право на жалба на првостепената пресуда од јули пред Апелациониот суд во Скопје. Одбраната тогаш најави жалба и побара поради здравствени проблеми на обвинетиот да му се укине притворот до извршување на казната.

Стојановски пукаше во Тодоров непосредно пред тој да ја предаде должност на новиот министер Арбен Таравари на 1 јуни минатата година.

За поседување на оружје му беше одредена казна затвор од една година како второстепена одлука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top