| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски до Заев: Единствена инвестиција од „Фејсбук“ ви е да собирате лајкови

Вработување на нови 50 луѓе во Владата за да ви ставаат лајкови на вашите постови е единствената инвестиција што сте ја направиле од „Фејсбук“, му порача на премиерот Заев пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на денешната седница за пратенички прашања.

Алудирајќи на најавената странска инвестиција од „Фејсбук“ и „Гугл“ во Македонија тој праша до каде е инвестицијата која лани ја најави премиерот. Заев одговори дека тие компании се посакувана инвестиција за секого, како и стотици други компании кои размислуваат, но дека членството во НАТО има влијание врз целиот процес.

„Негувам надеж ако Македонија ги заокружи политичките процеси и тоа се потврди со уставните амандмани и стане извесно членството во ЕУ, сите заедно ќе помогнеме бордот на директори да донесат одлука за инвестиција“ рече Заев.

Милошоски, пак, обвини дека уставните измени и членството во ЕУ и НАТО се користи како оправдување да се покрие, како што рече, неспособноста на Владата да донесе странски инвестиции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top