| четврток, 6 декември 2018 |

Откриено е „тајното“ богатство на Ел Чапо: Имал приватна Зоолошка, куќа на секоја плажа и воз за тури низ имотот

Сведок откри дека Ел Чапо ги користел своите приватни авиони за посета на своите куќи ширум Мексико, имал имот речиси на секоја популарна плажа, а во Акапулко имал и воз со кој што одел на тури низ неговиот голем имот.

На судењето на еден од најопасните нарко босови на светот, Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, откриени се шокантни детали кои што најдобро откриваат колку бил богат.

Имено, тој имал приватна Зоолошка градина, купил куќа на плажа во вредност од 10 милиони долари и патувал во Швајцарија на третмани против стареење, пренесува британски „Гардијан“.

Клучниот сведок на судењето, поранешниот член на картелот на „Ел Чапо“, Мигуел Анхел Мартинез сведочел дека големата побарувачка за кокаин во 90-тите години од минатиот век му донела огромно богатство на Гузман кој што практично не знаел на што повеќе да ги троши нелегално стекнатите пари.

„Имаше куќа на секоја плажа“, изјави Мартинез кој што открил дека „Ел Чапо“ исто така имал имот практично во секоја сојузна мексиканска држава. Тој открил дека картелот на Гузман го криумчарел кокаинот во САД низ тунели ископани под границата, но и во лажни пакувања на чили зачин. Од другата страна, пристигнувале милиони долари.

Најголем дел од парите пристигнувале во Тихуана, каде што „Ел Чапо“ своите три приватни авиони ги испраќал секој месец да ги превземат парите. Во просек, секој авион носел по 10 милиони долари. Картелите ги користеле куќите за криење на парите, а вработените во банките ги подмитувале да ги променат доларите во пезоси.

Мартинез откри дека „Ел Чапо“ се гледал со четири или пет жени, па така често патувал со своите приватни авиони ширум државата, а најпознат бил неговиот имот во Акапулко кој што бил толку голем, така што имал и воз за тури низ имотот.

Сепак, на сето тоа му дојде крајот откако членови на ривалски картел се обидоа да го убијат „Ел Чапо“ на аеродром, но наместо него убија римокатолички свештеник, по што поради притисок на јавноста, мексиканските власти тргнаа во масовен лов на „Ел Чапо“ и членовите на неговиот картел.

Тој успеа два пати да побегне од мексиканскиот затвор, пред да биде фатен за последен пат и да биде екстрадиран во САД каде што моментално му се суди.

точка.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top