Тековната 2018 година е четвртата најтопла година од почетокот на мерењата на температурите кон средината на 19-от век, соопшти денеска Светската метеоролошка организација (ВМО).
Агенцијата на ОН посочува дека во последниве четири години се измерени четирите највисоки просечни годишни температури, додавајќи дека 20-те најтопли години во изминативе век и половина се регистирани во изминативе 22 години.
ВМО предвидува дека во следните три месеци постои веројатност од 75 до 80 проценти за појава на метеоролошкиот феномен „Ел Нињо“.
Овој феномен се јавува на секои неколку години и се манифестира со промени во температурите на површината на Тихиот Океан, што резултира со сушни периоди во тропските региони и со намалување на способноста на шумите да го апсорбираат јаглерод диоксидот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст