| четврток, 6 декември 2018 |

Британскиот тинејџер кој малтретираше млад Сириец оди пред суд (Видео)

Шеснаесетгодишното момче кое во Велика Британија малтретираше една година помал бегалец од Сирија ќе биде обвинетo за физички напад, соопшти локалната полиција, а пренесе Би-би-си.

Пред неколку дена на социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео од злоупотребата на бегалецот од Сирија, кој во Велика Британија дошол заедно со своето семејство. Инцидентот се случил во средното училиште Алмодсбери во британскиот град Хадерсфилд.

На снимката се гледа како насилникот го турка момчето на тревникот од училишниот двор, а потоа го полева неговото лице со вода по примерот на т.н. waterboarding – мачење со вода кое е познато по тоа што американските служби го применуваа врз затворениците за тероризам во Гвантанамо беј.

Нападот бил снимен на 25 ноември, за време на паузата за ужина.

Ученици мачеа сириско момче, го полеваа со вода, го удираа и го влечеа по тревата (Видео)

Полицијата соопшти дека 16-годишниот насилник, кој не може да биде именуван поради правни причини, наскоро ќе биде изведен пред лицето на правдата.

Преку интернет-кампања корисници собраа околу 50.000 фунти со цел да му помогнат на сириското момче и неговото семејство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top