| четврток, 6 декември 2018 |

Одрон во Припор: Едно лице загина, друго со тешки повреди во болница

Вчера на улица „Христо Татарчев“ во населба Припор во Скопје дошло до одронување на земјиштето при што биле потрупани двајца работници.

Ѓ.Ѓ(57) од Скопје починал на местото на настанот, додека Ш.Ш.(52) од Куманово со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top