Продолжуваме со протестите. Сакам да ги повикам сите граѓани што го гледаат ова црнило, што ги гледаат овие темни облаци, постојано во Република Македонија, гледаат колапс во економските политики, истакна во вестите на Канал 5, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
Мисајловски посочи дека освен граѓаните и бизнис заедницата не е задоволна.
-Имаме градоначалници кои за една година ништо не работат, имаме нефункционални министерства. Можеме да видиме играат игри, спијат на седници, имаме загадување во Скопје, загадување во Македонија и сите оние реални теми кои се постојано околу нас, но никого од Владата не го допираат. Тие не сакаат да работат и да посветат внимание. Дојдовме тука да го кренеме својот глас, рече Мисајловски.
Тој најави дека освен во Скопје, протести ќе има и во другите градови низ Македонија.
-Колапсот е насекаде и ние мора да го кренеме нашиот глас. Протестираме за многу работи, а секако едно од најважните прашања се уставните измени и за сето она што се случуваше во изминатиов период. Од една страна имаме класичен политички прогон, каде има прогон врз пратеници, поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ и сегашни, но и на многу граѓани. Исто така, го креваме гласот и против тој прогон, рече Мисајловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст