Наташа Габер Дамјановска е избрана за нов директор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев” за следните четири години.
Одлуката со осум гласови „за”, еден „воздржан” и ниту еден „против” ја донесе денеска Управниот одбор на Академијата.
Кандидати за директорското место, покрај Габер Дамјановска, беа и Мирјана Лазарова-Трајковска, Елена Андреева и Александар Маркоски.
Првиот човек на Академијата се избира со двотретинско мнозинство од деветмина членови на Управниот одбор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст