Секторот за внатрешни работи Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Т.С. (72) и З.Г. (63), двајцата од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две казнени дела ,,измама”.
На 27 октомври оваа година на улица „Марко Цепенков” во Охрид, пријавените го пресретнале Б.Ј. (81) од Охрид и со намера да стекнат противправна имотна корист, го довеле во заблуда и лажно му прикажале дека направиле сообраќајна незгода. Потоа му покажале часовник кажувајќи му дека е златен и му побарале 2.000 евра при што оштениот прифатил замена.
На 30 октомври годинава на улица „Питу Гули” пријавените му пристапиле на К.Г. (77) од Охрид и на истиот начин, за случена сообраќајната незгода, го довеле во заблуда и му зеле 2.000 долари во замена за наводни златни предмети. Со извршувањето на казнените дела, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 220.000 денари, околу 4 лијади евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст