| четврток, 6 декември 2018 |

Монтажна катна гаража на Клинички, за да се ублажи проблемот со паркирањето

Надлежните од Министерството за здравство најавуваат монтажна, катна гаража на Клинички.

Истата ќе биде поставена со цел да се ублажи проблемот со паркирањето на скопските клиники.

– Се проби една улица за да го растовари хаосот со паркирањето во кругот на Клиничкиот центар, а се размислува за поставување монтажна катна гаража. Сегашниот влез во комплексот клиники ќе се користи само за возилата на Итна помош. Проблем е што во кругот на центарот може да се работи само за време на викендите – рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче, за ПлусИнфо.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top