| четврток, 6 декември 2018 |

Распарчени тела на мигранти пронајдени на пруга во Грција

Распарчените тела на три лица, за кои се верува дека се мигранти кои во текот на вечерта биле удрени од воз, биле пронајдени денес на пруга во близина на границата со Турција, соопштиле грчките власти.

Полицијата соопштила дека човековите остатоци вчера ги пронашол машиновозач, кој го сопрел возот и ги известил властите, пренесува “AP”.

Телата се толку оштетени што полот и возраста не можат да се одредат, наведува американската агенција.

Властите веруваат дека несреќата се случила во понеделникот навечер, во близина на селото Филакас меѓу североисточните градови Алекснадропулис и Комотини.

Оваа област се наоѓа во близина на турската граница, клучната капија за мигрантите кои бараат подобар живот во Европа.

Инаку, во Грција се забележани повеќе фатални несреќи во кои возови удриле мигранти кои спиеле на шините или оделе по пругата во мрак, потсетува “AP”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top