Зад затворени врати започна работа на координативно тело за помирување во Собранието. Пред половина час на маса се дискурира за помирување за крвавиот четврток. а ње очекува денеска да се исцртаат контурите на текстот, наспроти реакциите на стручната фела, но и на граѓаните кои сметаат дека ќе се спроведе селективна правда, ако било кој од обвинетите за настаните од 27 април биде помилуван преку ова собраниско тело.
Пратеници кои се дел од собраниското тело, велат дека треба да се обединат во помирувањето кое е од интерес на државата, а не да преовладаат партиските или личните интереси.
Претходно, пратеничката Фросина Ременски од СДСМ, која заедно со Емилија Александрова од независната пратеничка група на ВМРО – ДПМНЕ го предводат телото за помирување во неколку наврати истакна дека патот и до ЕУ и до НАТО е поплочен со одлуки кои треба да се носат со консензус во интерес на националните интереси на Македонија и затоа помирувањето треба да обединува околу државните интереси.
Во собраниското тело за помирување има вкупно 25 членови, но во него не учествуваат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, чија пратеничка група предложи Закон за амнестија на сите учесници во крвавиот четврток. Собранието со мнозинство гласови не поддржа расправа за ваков текст за амнестија.
Сепак, пратеници од ВМРО – ДПМНЕ не ја исклучуваат можноста, да го поддржат предложениот текст за помирување на собраниското тело, но велат дека тоа ќе зависи од содржината и доколку таа не поттикнува селективно спроведување на правото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст