| четврток, 6 декември 2018 |

Се занимаваат со сѐ, само со граѓаните не: Функционерите на власта спијат, играат игри, праќаат срциња, не доаѓаат на работа


Додека функционерите од власта ги полнат џебовите земајќи плата од парите на народот, граѓаните секојдневно апелираат на низата пропусти во нивното работење, односно непреземањето мерки за подобар живот.

Револтот кај граѓаните станува сѐ поголем по низата објавени фотографии во медиумите и на социјалните мрежи на кои функционерите од власта наместо да работат во интерес на потребите на граѓаните, тие или спијат или играат игри на мобилните телефони.

Скопје и понатаму е загадено: Шилегов ја сврте игрицата (Видео)

Последни во низата се фотографиите од скопскиот градоначалник Петре Шилегов и заменик министерот за животна средина Јани Макрадули кои воопшто не беа заинтересирани на дискусијата во Собранието каде се говореше за преземање на мерки за намалување на загаденоста во Скопје и Македонија.

Ни срам, ни перде: Макрадули спие на дебатата за чист воздух во Собрание (видео)

Народните избраници често на собраниските седници си наоѓаат занимација наместо да ја работат својата работа. Си праќаат срциња по Вибер, спијат на седниците или пак гледаат фудбалски натпревари. Толку од работата во интерес на граѓаните за кои постојано велат дека се залагаат.



Павле Богоевски пред и по фотелјата

Има и такви кои не се ни појавуваат на своето работно место, но затоа пак се често гледани по кафеаните каде ги трошат парите од државната каса.

Вицепремиерот Хазби Лика шест месеци не оди на работа, а потрошил 4.000 евра за кафана

Вицепремиерот за спроведување на рамковниот договор Хазби Лика со месеци не се појавува на работа, а сепак успеал да потроши 4000 евра по кафани, обвинува граѓанскиот активист и поранешен функционер на СДСМ, Ивор Мицковски.

-Ова е Хазби Лика, вицепремиерот за спроведување на рамковниот договор. Министерот не се појавува на работа со месеци. 0 трошоци за превоз, 0 трошоци на работното место. А, сепак, успеал да потроши 4000 илјади евра по кафани. Значи се можело кога се сака, ем да не се работи, ем да се троши, напиша Мицковски на својот Фејсбук профил.

 

Тужбата од граѓаните за аерозагадувањето не го загрижува Дураку оти тој не се занимава со граѓаните (ВИДЕО)

Во Владата има и министри кои можеби не спијат, но отворено кажуваат дека не се занимаваат со граѓаните.

-Сега јас не се бавам со граѓаните, граѓаните може да тужат, изјави министерот за животна средина Садула Дураки кој во овој период е најповикан да одговори на прашањата на граѓаните и на новинарите поврзани со енормното загадување во Скопје.

 

Извор: Курир

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top