| четврток, 6 декември 2018 |

Во првиот напад на мечот: Страшна повреда на Павловиќ заради која би можел да ја заврши кариерата (видео)

Синоќешниот натпревар помеѓу екипите на Кил и на Мелсунген (31-19) од германската Бундеслига, за жал, ќе остане запаметен по стравичната повреда на скочниот зглоб на хрватскиот репрезентативец Домагој Павловиќ, која би можела да го примора и да ја заврши кариерата.

Поранешниот ракометар на ППД Загреб се повредиво првиот напад, на самиот почетокот на средбата и тоа по незгоден доскок врз ногата на репрезентативниот колега, Домагој Дувњак. Ужасниот крик по што следеше молк во исчекување само ја најави тежината на повредата на Павловиќ, кому потоа дваесетина минути му укажуваа помош на теренот додека се превиткуваше од болка.

Моментот кога Павловиќ ја заработи тешката повреда може да се види во осмата минута на видеото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top