Во изминатото деноноќие се случиле 12 сообраќајни несреќи од кои една со тешки телесни повреди, три сообраќaјни несреќи со телесни повреди и осум со материјална штета. Според СВР Скопје, во сообраќајките едно лице се здобило со тешки телесни повреди, a тројца биле полесно повредени.
Санкционирани биле 29 возачи кои управувале возило со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај биле исклучени и 13 возачи. ОД нив двајца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, осум возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и тројца возачи затоа што биле возачи почетници.
Од сообраќај биле исклучени и седум нерегистрирани возила. Полицијата санкционирала и седум возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца поради неправилно престројување, тројца возачи поради неправилно престигнување и пет возачи поради непоседување зимска опрема.
Казнети се и тројца пешаци бидејќи поминале коловоз надвор од пешачки премин.
Во текот на изминатиот ден издадени се 88 мандатни платни налози и 70 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст