Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ денеска на јавна седница треба да избере нов директор и заменик-директор за следните четири години.
Кандидати за директоркото место се Мирјана Лазарова-Трајковска, Наташа Габер-Дамјановска, Елена Андреева и Александар Маркоски. Првиот човек на Академијата треба да биде избран од деветмина членови на Управниот одбор со двотретинско мнозинство.
За местото заменик-директор е пријавен само еден кандидат, а во досегашното работење на Академијата ова место не беше потполнето.
Кандидатите кои аплицираат за позицијата директор и заменик-директор на Академијата треба да имаат најмалку осум години работен стаж како судија во судовите во Република Македонија, во Уставниот суд на Република Македонија, во меѓународен суд или да се лица со најмалку осум години работен стаж како јавен обвинител. Треба активно да познава и еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски).
– Во моментот на именувањето со правосилна пресуда да не е осудено за кривично дело на безусловна казна затвор од најмалку шест месеци и со правосилна пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност за кривично дело или прекршок поврзани со злоупотреба на судиската или јавнообвинителската функција, велат од Академијата.
Првично седницата беше најавена како затворена, на што вчера реагираше Здружението на новинари на Македонија оценувајќи дека спречувањето на новинарите да ја следат расправата е обид да се работи зад грбот на јавноста и фрла сенка врз процесот на избор на новиот директор.
– Одлуката на Академијата да ја исклучи јавноста од следната седница е во спротивност со членот 6 на Законот за Академија за судии и јавни обвинители, кој предвидува нејзината дејност да се врши јавно, транспарентно и одговорно, истакнаа од ЗНМ.
Од октомври 2006 година до октомври годинава директорската функција во Академијата за судии и јавни обвинители ја вршење Анета Арнадудовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст