| четврток, 6 декември 2018 |

Пандов до Тодоров и Јанчев: Па, имате ли бре вие двајца трошка срам?

Политичкиот аналитичар Александар Пандов јавно им се обрати на Никола Тодоров и Митко Јанчев, прашувајќи дали имаат трошка срам.

  • Никола Тодоров и Митко Јанчев пред референдумски не уверуваа дека ќе излегле да гласаат, но ливчињата неважечки ќе им бидат. Не можеле да гласаат За, душата вмровска не им давала. Хан по средба со Нино потвди дека гласале За. По гласањето на 8-те пратеници и јасно посочениот прст кон овие двајца дека шурувале со Заев во “убедувањето” на пратениците, повторно се колнеа во нивната вмровштина, а се останато биле лаги и клевети. Денес самиот Заев потврди дека двајцава се состануваат со него и дека покрај овие 8, најконкретно ќе запнеле да “уверат” уште некој пратеник, плус да ги спречеле опструкциите на Мицкоски!? Па имате ли бре вие двајца трошка срам?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top