| четврток, 6 декември 2018 |

Бомбашот од Дортмунд осуден на 14 години затвор!

Конечно е разрешен случајот со бомбашкиот напад на автобусот на Борусија Дортмунд воочи четвртфиналето на Лигата на шампионите против Монако, минатата година.

Имено, Лицето Сергеј В. како што го ословуваат германските медиуми поради законот за приватност, беше обвинет за обид за убиство на 28 лица од судот во Дортмунд и поради тоа е осуден на 14 години затвор. Покрај затворската казна, тој ќе треба да му исплати и 15.000 евра на Марк Батра, кој мина со најсериозни повреди.
Сергеј В. кривичното дело го направил со умисла, бидејќи претходно подигнал кредит, а со нападот очекувал дека акциите на клубот драстично ќе паднат, а потоа тој со купување на истите ќе успее финансиски да заработи.
29-годишниот Сергеј е германски државјанин кој во оваа земја пристигнал од Русија на 13 годишна возраст, а бил уапсен десет дена по бомбашкиот напад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top