| четврток, 6 декември 2018 |

Два месеци притвор за 15 украински морнари

Кримскиот суд им нареди на 15 од 24 украински морнари, кои Русија ги притвори минатиот викенд во теснецот Керч, поради повреда на руската граница, да останат во притвор во наредните два месеци. Меѓу нив се и тројца повредени украински морнари, кои се префрлени во болница по инцидентот, пренесе ТАС С.

– Морнарите се осомничени за кршење на кривичниот закон поради илегален премин на границата, кој што го организирала група луѓе од претходниот договор или организирана група или е организиран преку примена на насилство или закана со насилство – рекол претставник на судот во Симферопол.

За такви обвинувања, предвидена е казна затвор до шест години.

Сите 15 морнари ќе останат во притвор до 25 јануари 2019 година. Судот утре ќе одлучи за ограничување на мерките пред почетокот на судскиот процес за останатите уапсени украински морнари, наведува ТАС С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top