Српскиот пејач и кантавтор Жељко Јоксимовиќ со својот концeпт, традиционалниот предновогодишен проект „Два света”, доаѓа во Скопје. На 23. декември во Македонската опера и балет, со почеток во 19. часот Јоксимовиќ со музика ќе наслика нови Два света.
Поради големиот интерес за овој концерт, на барање на публиката закажан е и втор концерт, истиот ден, со почеток во 22ч.
Јоксимовиќ доаѓа во придружба на 40 музичари кои ќе настапат со него на сцена.
Пред две година овој проект премиерно беше претставен пред македонската публика, кога беа одржани четири концерти во Македонскиот народен театар.
Во овој проект, Жељко Јоскимовиќ ги има изменето аранжманите на неколку поп, рок, но и фолк песни и сега истите имаме можност да ги слушнеме во џез варијанта.
Билетите може да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com, во Пола Југотон и Цвеќара “Розе” – Веро2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст