– Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје, по одржаните јавни седници од 26.11.2018 година, на ден 27.11.2018 година донесе одлуки со кои жалбите на обвинетите Миле Јанакиески од Скопје и Кирил Божиновски од Скопје, изјавени преку нивните бранители ги одби како неосновани и ги потврди решенијата на Основниот суд Скопје I Скопје, со кои на обвинетите им е определена мерка притвор, соопштуваат од Апелацискиот суд Скопје.
Одбраната на Јанакиески и Божиновски не е изненадена од одлуката на судот беспоговорно да ги уважи доказите на обвинителството.
-Судот не поклонува верба на соопштение на претседателот на Република Македонија, поклонуваат верба дека имале сметки, а не се знае ни каде ни кој, а обвинетите категорично тврдат дека немаат сметки, поклонуваат верба на службена белешка дека преку посредник барале контакт и амнестија, а ниту се знае кој е тој посредник, ниту пак имаат потреба од посредник бидејќи лично коминицираат со претседателот, има соопштение од претседателот дека не е интервернирано кај него преку посредник за аменстија, дека не станало збор за тоа на состанокот што го имал со Миле Јанакиески, вели бранителот Боро Тасевски во изјава за „Република“.
Тасевски вели дека како правник е разочаран, но не е изненаден што судот не наоѓа повреда на постапката што на одбраната воопшто не ѝ се дадени ниту докази ниту можност да се произнесува по докази, ниту судот ги земал предвид сомневањата околу непостоење на докази дека се подготвувале за бегство, туку го прифаќа она што го вели обвинителството.
-Се губи смислата на правото и на барањето правдина. Редно е судот да се прибере и да ги води постапките посериозно, со почит кон одбраната, кон човековите права, конобвинетите, кон доказните средства. Во некои земји е нормално да се анализираат доказите на обвинителството, но во некои земји не е нормално, а и во нашава очигледно не е нормално. Одлуката на судот е на линија на сето досегашно постапување на судот кон доказите приложени од СЈО. Но, има доволно сигнали дека таа линија треба да се промени.
Тасевски уште еднаш го потврди ставот на одбраната на притворените Јанакиески и Божиновски дека судот има привилигиран третман кон обвинителството, што укажува на неправично и нефер судење, а со одлуката за отфрлање на жалбата за притвор уште еднаш само се потврдува тоа. Тој потсети дека одбраната повеќепати побарала да се докаже дека СЈО е надлежно да ја води постапката, но судот го игнорирал барањето.
– Толку благонаклон однос кон сѐ што ќе предложи и ќе приложи СЈО сега кулминира, со тоа што не ѝ се дозволува на одбраната воопшто да има приотап до доказите и да ги подложи на критичка анализа. Истото ни го прават и со незаконски прислушкуваните разговори, вели Тасевски.
Тој објаснува дека судот му верува на СЈО ан блок – прво дека разговорите кои се докази во случајот постојат, бидејќи СЈО на никој начин не докажува постоење на оригинал, прифаќа дека се оригинал, автентични содржински, дека не се лепени, прифаќа дека се временски во оној период за кој СЈО е надлежно да води постапки.
– Ние тврдиме дека СЈО воопшто не е надлежно да покрене каква било постапка, бидејќи не ги исполнува условите пропишани во Законот за СЈО, но судот воопшто не обрнува внимание ниту бара од СЈО ова да го докаже, додава.
Ваквиот однос на судот и СЈО веќе не е само внатрешен проблем на правосудниот систем во Република Македонија. Тасевски предупредува дека тоа е веќе и европски проблем, со оглед на тоа што веќе сме добиле две жешки шлаканици од правниот систем на Грција и на Унгарија.
Следната станица за одбраната е Стразбур, освен ако, иронично коментира Тасевски, во меѓувреме не се донесе закон кој ќе ни го забрани тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст