| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е најсексапилниот доктор на светот

Џовани Анџолини (37) стана главен хит на Интернет, а неговите заводливи фотографии ги освоија жените од целиот свет. Имено, овој секси доктор од Италија многумина го прогласиле за најпожелниот доктор на светот.

Завршил медицина, а потоа специјализирал ортопедија и трауматологија. Висок е 186 сантиметри и има 80 килограми, а со совршените стомачни мускули и блескава насмевка ги освои срцата на голем број жени.

Во 2015 учествувал на италијанскиот „Голем брат“, но светска популарност постигнал неодамна, и тоа благодарение на неговите профили на социјалните мрежи кои се преполни со разголени фотографии.

Анџолини обожава да патува околу светот, а своите доживувања од патувањата ги споделува со пријателите на Инстаграм и Фејсбук.

На голема жалост на неговите верни обожавателки, сексапилниот доктор веќе некое време е во врска со манекенката и фитнес-тренерка Нивес Болос. Таа по потекло е од Барселона, а среќниот пар редовно објавува заеднички фотографии на кои изгледаат вљубено и среќно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top