| четврток, 6 декември 2018 |

Кривични против таткото и синот: Им нашле арсенал оружје и дрога во домот во Кучково

Секторот за внатрешни работи Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривични пријави против Г.Ѓ.(27) и Ж.Ѓ.(62) поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниви по член 396 и член 215 од Кривичниот законик на Република Македонија.

На 22.11.2018 година, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес на две локации. При првиот претрес во село Кучково во викендица сопственост на Ж.Ѓ. биле пронајдени и одземени кеса со марихуана, еден пиштол, еден сигнален пиштол, куршуми различен калибар, една рачна бомба и др. При вториот претрес извршен на улица „Милан Зечар“ во Скопје, каде што престојува лицето Г.Ѓ., син на Ж.Ѓ., биле пронајдени и одземени марихуана и 29.000 денари.

После извршените претреси, двете лица биле лишени од слобода и задржани во полициска станица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top