Бегството на поранешниот претседател на Владата Никола Груевски направи вистинска мешаница во која јавноста, но и самите институции бараат виновник за пропустот и го вперуваат прстот меѓу себе, но и во Управата за безбедност и онтраразузнавање. Кој му помогнал на Груевски да избега – прашање кое создаде темен облак на сомнеж над УБК, па во истиот котел со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски се најде и директорот на УБК, Горан Николовски.
ТресингТВ дознава дека сѐ погласно се зборува за тоа кој ја води УБК. Дали Николовски ќе остане на чело на тајната полиција, која конечно треба да се претвори во разузнавачка и контраразузнавачка служба или, пак, ќе дојде некој нов кадар?
Помеѓу вработените во УБК веќе циркулирале неколку имиња и комбинаторики кој би можел да го наследи Николовски од јуни 2019 година, кога впрочем треба УБК целосно да се одвои од МВР и да биде под надлежност на Владата.
Во трката за можен иден директор на новата УБК, покрај сегашниот Горан Николовски, според извори на Пресинг Тв се: Сиљан Аврамовски- заменик директор на УБК, Зоран Верушевски – советник за национална безбедност на Заев, Јовче Ременски- помошник директор на УБК, Виктор Димовски – државен секретар во МНР и Ерол Муслију – заменик директор на Агенцијата за разузнавање.
Целата вест прочитајте ја на ПресингТВ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст