| четврток, 6 декември 2018 |

Ќерката на Џеки Чен се венчаше со 11 години постарата партнерка – Славниот актер не присутствувал на свадбата

Ќерката на светски познатиот актер Џеки Чен, Ета Нг која има 19 години се венчаше со својата избраничка Ани Отон која има 30 години. Девојките веста ја споделиле со фановите на социјалните мрежи.

Инаку, парот е заедно од 2017 година, а живеат во Хонг Конг. Сепак венчавката ја направија во Канада, каде се дозволени истополови бракови.

– Сите ние некогаш сме биле повредени, но доколку можете да сонувате за љубовта, тогаш може и да ја пронајдете. Љубовта е љубезна, не осудува, љубовта е сила и слабост. Љубовта прави промени. Љубовта победува, напиша ќерката на славниот актер.

Инаку, Ета не е во контакт со својот татко долги години. Неа Џеки ја доби од кратката афера со Елаина Нг Ји, која е поранешна азиска мисица.

Ета одрасна со мајката, додека Чен е во брак со Лин Фенг-Јиао со која има син Џејси Чен, кој исто така е актер и има 35 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top