| четврток, 6 декември 2018 |

Ако сте ја купиле оваа маса, веднаш вратете ја во „Икеа“

„Икеа“ апелираше до своите потрошувачи кои ја купиле масата GLIVARP да престанат да ја користат и да ја вратат во нивната најблиска „Икеа“ продавница.

Реакцијата на компанијата доаѓа откако повеќе купувачи пријавиле дека делот за продолжување на масата се одвојува од главниот дел и паѓа.

Затоа, од „Икеа“ ги повикаа сите купувачи да ја вратат масичката, а тие че може да си одберат дали само ќе ја заменат со друг производ или ќе си ги вратат парите. Од компанијата велат дека потропувачите не мораат да ја носат и сметката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top