| четврток, 6 декември 2018 |

Удрила во пешак, па избегала од местото

Пешак со тешки повреди е пренесен во Градската болница „Свети Наум Охридски“ по незгодата што се случила вчера во 14.30 часот во близина на крстосница на улиците „23 Октомври“ и „Коста Новаковиќ“ во Аеродром.

Возило управувано од женско лице удрило во пешакот Ј.С.(77) од Скопје и подоцна го напуштило местото на настанот. Ј.С. се здобил со тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top