На 13. декември ќе може да се погледне предновогодишното стенд ап комеди шоу на комичарот Марјан Ѓорѓиевски во Дом на АРМ. Провокативниот македонски stand up комичар, подготвен да им удри шамар на евтините идеологии и скапите безобразлуци. Световите што никогаш нема да се разберат помеѓу себе се на дневен ред, погледнати од поинаков агол.
Зошто брак? Зошо шопинг? Зошто кредитната ми е на нула… не, не ми е на нула, на минус 100 000 ми е. Зошто банките даваат крдити? Зошто Инстаграм и како Фејсбук им помага на жените.
Автомобилот повеќе од жена. 10 чекори до успешно влегување во тајниот хоризонт до срцето на една жена.
1 чекор до срцето на мажот.
Психологија за домаќинки и психологија за мажи кладилничари.
Татко и како не треба со децата.
Јавни фаци и како во Македонија да си славен.
Политичари и политика за неупатени, мал водич до МАКЕДОНСКАТА ЕСТРАДА.
Глупавите постапки на мажите, “ детективскот ” пристап на жените се на анализа оваа вечер.
Форуми, просторот за слободно изразување.
Статуси и како фејсбук исцелува.
Реклами и како не е така.
Апликациите и светот на мобилните и како заборавивме да се дружиме.
Куќна слава, зошто не постираме слики на инста.
Мудрости од социјалните мрежи.
Нова година, што се правевме а сега не.
Како создаваме една претстава и како се снимаат народни приказни.
Марјан, кој нагласува дека за него клучен елемент во stand up комедијата е острата социјална критика, настапува со нов материјал кој нема да ве остави рамнодушни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст