| четврток, 6 декември 2018 |

Продажбата во четири очи на 9.000 м2 во центар на Скопје за министерот Сугарески е според закон

Договорот за купопродажба на 9.048 квадрати е склучен на 25 минатиот месец помеѓу Министерството за транспорт и врски и фирмите ДТПУ “М.Г. Фешн” ДОО увоз-извоз Скопје и ТДГ “ОБНОВИТЕЛИ” ДОО Скопје“ за што во државната каса се влезени 173,7 милиони денари. Во моментов рампите на паркингот се кренати и не се наплатува за паркирање на возилата. Досега со паркингот стопанисуваше АД за стопанисување со станбен и деловен простор. ОД МПЦ велат дека на инвеститорите им го отстапуваат својот дел од градежната парцела во замена за станови и деловен простор во зградите што таму ќе се градат

Сѐ е законски со парцелата кај „Хокидеј ин“. Законски е извршена и продажбата на државното градежно земјиште на паркингот кај Холидеј ин, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

– Сѐ е законски со парцелата. Окрупнувањето на земјиштето е направено согласно Законот за градежно земјиште, а цената на квадратен метар е формирана врз основа на Уредбата за висината на цената на градежното земјиште во сопственост на државата. Инвеститорот поседуваше 30 отсто од земјиштето и според законот има право да ја дооформи парцелата – рече Сугарески.

Државата продаде 9.048 квадратни метри од паркингот спроти “Холидеј Ин”. Договорот е склучен на 25 минатиот месец помеѓу Министерството за транспорт и врски и фирмите ДТПУ “М.Г. Фешн” ДОО увоз-извоз Скопје и ТДГ “ОБНОВИТЕЛИ” ДОО Скопје“. Во моментов рампите на паркингот се кренати и не се наплатува за паркирање на возилата. Досега со паркингот стопанисуваше АД за стопанисување со станбен и деловен простор.

– Конкретната градежна парцела е оттуѓена по цена од 312 евра (19.200 денари) за квадратен метар и инкасира вкупно 2.824,740 евра (173.721.538 денари) за градежното земјиште во Буџетот на Република Македонија. Договорот е склучен преку непосредна спогодба за што е добиено позитивно мислење од Државно правобранителство на РМ. Цената на градежното земјиште се пресметува согласно Уредбата за висината на цената на градежното земјиште сопственост на Република Македонија и висината на посебните трошоци за спроведување на постапките за отуѓување и давање под закуп како и за засновање на право на стварна службеност која ја донесува Владата – информираат од Министерството за транспорт и врски.

Вкупна површина на градежна парцела 13.653м2, од која приватна сопственост е 4.605 квадратни метри. Во рамки на парцелата е и отстапениот дел од земјиштето на Македонската православна црква, за кој таа ќе добие станови.

Според најавите на парцелата ќе се градат три станбени објекти со по 60 ката.

Од општина Центар за медиумите изјавија дека поради мораториумот на деталниот урбанистички план на инвеститорите се уште не им е дадена дозвола за градба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top