| четврток, 6 декември 2018 |

Украинскиот Парламент одобри воведување воена состојба за период од 30 дена

Украинската Врховна рада вечерва го одбри претседателскиот указ за воведување воена сосотјба во делови од Украина за период од 30 дена, почнувајќи од 28 ноември.

За предлог-законот за стапување во сила на указот за воена состојба на украинскиот претседател Петро Порошенко гласаа 276 пратеници во Парламентот, а 226 беа против.

Порошенко денеска потпиша указ за прогласување воена состојба во земјата до 25 јануари, но на тоа се спротивставија опозициските партии, а се појавија и шпекулациите дека таа се воведува само за да се одложат претседателските избори. По консултации со претставници на парламентарните партии Порошенко реши воената состојба да важи 30 дена, со цел претседателски избори да се одржат непречено во предвидениот рок.

Во обраќањето пред партениците во Врховната рада, Порошенко нагласи дека воената состојба нема да биде воведена на целата територија на Украина, туку само во деловите на земјата што граничат со Русија и Молдавија, како и во реоните околу Азовското и Црното Море, односно, како што рече, таму „каде што може да биде извршен напад“ од страна на Русија.

Порошенко реши да воведе воена состојба по вчерашниот инцидент кога руската армија отвори оган врз три украински воени брода, кои се обиделе од Црното Море да влезат во Керченскиот Теснец. По вооружениот инцидент, руските сили ги задржаа украинските бродови заедно со 24-ца членови на нивните екипажи.

Врховната рада, вечерва исто така донесе одлука претседателските избори во Украина да се одржат на 31 март 2019 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top