| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсена мајката што ја обви ќерка си во пиротехника (видео)

Аргентинската полиција ја уапси мајката што ја обви својата ќерка со пиротехнички сретства, со цел да ги внесе на финалниот натпревар на Копа Либертадорес. Откако снимакта на која се гледа малото девојче со арсенал пиротехника околу половината беше објавена на интернет, брзо беше пронајдена несовесната мајка.

Таа е уапсена на загрозување на животот, а социјалните служби покренаа постапка за утврдување на состојбата во семејството. Аргентинката има четири деца, над кои многу е веројатно дека ќе го изгуби старателството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top