По одлуката Албанија да ги затвори обложувалниците тие сега се селат во Македонија и во Косово, каде овој бизнис се смета за законски, изјави Артан Шити, претседател на друштвото на обложувалници.
Според него, многу албански компании од оваа дејност и претходно имале ваква активност во Македонија и Косово.
-Иако има еден месец до крајниот рок, 31 декември 2018 година, за затворање на сите обложувалници, околу 70 отсто од нив веќе ја прекинаа својата активност, затворени се салоните а фирмите избришани од евиденцијата на Централен регистар. Досега затворени се над 3.000 салони за обложување низ целата територија на Албанија, тврди Шити.
Во Албанија од први јануари идната година ќе се затворат сите спортски обожувалнци. Исто така се затвораат сите локали за електронски игри на среќа кои сега се на главните улици во градовите во Албанија и ќе бидат достапни само тие во хотели кои имаат пет ѕвездички и се лоцирани надвор од градските средини.
Албанскиот премиер Еди Рама овој чекор го оправдува со фактот дека во изминатите пет години во Албанија многу е зголемен бројот на игрите на среќа како резултат на политиката која вледеела кога социјалистите на Рама беа во колиција со Социјалистичкото движење за интеграција на актуелниот претседател на државата, Илир Мета.
-Се виде дека оваа појава не оди во прилог на народот и државата, оцени Рама.
Инаку, во текот на 2017 година албанските граѓани потрошиле над 130 милиони евра во казина, спортски обложувалници и лотарии. Гледано по глава на жител прозлегува дека на игрите на среќа албанските граѓани трошат по 46 евра, што е многу повисок износ споредено со земјите во регонот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст