Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска прими делегација на Иницијативниот одбор на поранешни вработени во „АД Охис Скопје“ во стечај, соопшти владината прес-служба.
Претставниците на „Охис“, изразиле очекување дека во рамките на законските надлежности на Владата, ќе бидат решавани некои нивни барања поврзани со стечајната постапка.
Нивните очекувања главно се однесуваат за исплата на побарувања од стечајната постапка за 24 неисплатени плати и за затворање на придонесите од плата за периодот од јуни 2012 година до октомври 2013 година, како и во списокот за обесштетувања од стечајната маса на „АД Охис“ да бидат вклучени и вработените од фабриката „Малон“ АД Охис.
Заев на средбата истакнал дека, иако стечајната постапка на „АД Охис Скопје“ е завршена и спроведена од судските органи во процес во којшто Владата нема ингеренции, тој ќе го задолжи министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ, да ја продолжи понатамошната комуникација со поранешните вработени во „Охис“. Владата соопшти дека Шапуриќ ќе треба да оствари средби со надлежни институции, како и со стечајниот управник Маринко Саздовски, за да се најде одржлив одговор на барањата на Иницијативниот одбор на поранешните вработени во компанијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст