156 војници и старешини на АРМ денеска на аеродромот „Александар Велики“ ќе се вратат од 14 ротација во мировната мисија ИСАФ во Авганистан.
Во оваа ротација учествуваа професионални војници од мешан етнички и полов состав.
Војниците на АРМ за време на мисијата извршуваа најразлични должности од кои најзначајната и најодговорната беше обезбедување на главниот штаб на мисијата ИСАФ во Кабул, Авганистан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.