Странските медиуми известуваат дека Раде Шербеџија возел во алкохолизирана состојба и дека е најдено шише виски во неговиот автомобил, а актерот открива што навистина се случило таа ноќ.
Имено, го запрела полиција и му измериле 0,8 промили алкохол во крвта, што е на граница на дозволеното. Но тој не можел да направи некои потези што ги барала полицијата бидејќи имал болки во грбот, поради што одлучиле дека поради таа мала доза на алкохол не може да вози и го исклучиле од сообраќајот.
„Но, добро, тоа веднаш го објавија американските весници, што значи дека не сум непознат“, се пошегува Шербеџија.
Тој вели дека никогаш не бил боем, повеќе сака да оди во тивка кафеана отколку во голема. Повеќе сака да се дружи со непознати отколку со познати луѓе. Носи стари шешири, стари кошули, но знае како да се однесува и во смокинг.
Шербеџија се смета за еден од најуспешните актери од нашите простори кои успеале во Холивуд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст