| четврток, 6 декември 2018 |

Комеморација за Мите Грозданов во вторник во Драмски

Во вторник, на 27 ноември во 10 часот ќе се одржи комеморација во Драмски театар во чест на починатиот актер Мите Грозданов, кој беше член на колективот на Драмски.

Драмскиот театар ја имаше честа да го има во своите редови и беше сведок на исклучителната посветеност во процесот на создавањето на театарските претстави.

Посмртните останки на починатиот ќе бидат изложени во 11.30 часот, во црквата Св.Пантелејмон во Долно Нерези. Погребот ќе се изврши во 12.00 часот на гробиштата во Нерези.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top