Принцот Вилијам со Кејт Мидлтон и принцот Хари со Меган Маркл живееја во апартмани во склоп на Кензингтонската палата. Вилијам во најголемиот апартман со 20 спални соби, додека Хари во апартман само со 2 соби. Но, сега пред пристигнувањето на неговото прво дете Хари ќе се отсели оттаму и заедно со Меган ќе живеат во вилата Фрогмор на имотот Виндзор, која има 10 спални соби.
Една од причините за преселбата е што вилата Нотингем ќе им биде премала по пристигнувањето на детето, а кај нив сигурно ќе преспива и мајката на Меган, Дориа, која ќе им помага во грижата за него.
Исто така, Меган е позната по одлучноста и своеглавоста, па не е чудно што таа ги размрдала работите. Особено затоа што е познато дека не изгради близок однос со Кејт Мидлтон.
Извор близок до Војвотката од Сасекс вели дека едноставно тие две се сосема различни типови на луѓе и дека вкусот на Меган е специфичен и не се совпаѓа со тој на Кејт. Таа е независна и ќе ѝ биде тешко доколку остане во Кензингтонската палата, каде има многу правила, изјави извор близок до Меган.
Тие сакаат да избегаат од златниот кафез, плус овој имот е отворен за јавноста само неколку дена во годината и таму е мирно, тивко и приватно, за разлика од Кензингтонската палата.
Единствен проблем е што Меган и Хари ќе треба да патуваат пo 40 километри за извршување на кралските обврски во Лондон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст