На 26 ноември, понеделник, во 12 часот во холот на НУ Музеј на македонската борба ќе биде поставена изложбата „На маргините на Скопскиот регион, сакрални објекти и рурална архитектура“ од Дарко Николовски.
Изложбата во организација на Центарот за културно и духовно наследство е фото сторија на Дарко Николовски и го опфаќа богатото културно наследство кое и покрај видно нарушената состојба сведочи за автентичноста и континуитетот на македонската градителска и зографска традиција. Направен е избор од големиот број споменични добра во скопскиот регион, но пред сè на оние кои се оставени на маргините од каде полека, но сигурно, одат во заборав од луѓето и времето.
Изложбата се реализира со поддршка на Град Скопје и ќе биде отворена до 3 декември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст